Достапни линкови

Шилегов: Стопирана е изградбата на Панорамското тркало


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека е стопирана изградбата на Панорамското тркало.

„Градот Скопје нема потреба од него и имаме среќа што не е платено, па барем ќе заштедиме граѓански пари“ изјави Шилегов, кој потенцираше дека градските служби денеска го чистат насобраниот шут околу веќе изградените делови од Панормаското тркало кој се насобра по обилните врнежи.

“ За остатокот од објектите во коритото на реката Вардар, како што веќе ја известив јавноста, дел од постапките и процедурите се одвиваат внатре во градската администрација и бараме мислење и соработка од други надлежни органи. За нас е приоритет безбедноста на Скопје” рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник дополни дека во тек е правната постапка за галиите. Тој најави оти деновиве надлежните инспекциски органи на Градот ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види нивната усогласеност со владините решенија, па ќе се преземат следните чекори.

XS
SM
MD
LG