Достапни линкови

Георгиевски: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја блокира општината Гази Баба


Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска информира дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ сака да ја блокира работата на општината.

" Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ поради наводна солидарност со притворените учесници и организатори на крвавите настани во Собранието на 27 април, на предлог од претседателот на Советот поддржан од советниците од ВМРО-ДПМНЕ, спречи да се донесе нацрт буџетот на општината", истакна Георгиевски на денешната прес-конференција.

Според него, советниците на ВМРО-ДПМНЕ работат свесно на штета на граѓаните, иако секогаш биле консултирани за се.

" Оваа блокада значи опасност да се исплаќаат плати, да се реализираат веќе почнатите активности, со еден збор блокада на системот на општината, што е на директна штета на граѓаните", рече Георгиевски.

Најави дека заедно со администрацијата во општината Гази Баба и советниците од советничката група на СДСМ и коалицијата, во текот на оваа недела ќе ги завршат сите планирани средби со граѓаните, бизнис секторот и невладините организации за нивните барања за да не трпат обврските кои ги има општината.

XS
SM
MD
LG