Достапни линкови

Полициите на Македонија и Косово заеднички против криминалот


Архивска фотогарфија.Ден на македонската полиција

Договор за преземање на лица со незаконски престој кој се однесува на бегалската криза, уредување на преземање на државјани од двете земји, како и протокол помеѓу Министерствата за внатрешни работи за прекугранично гонење луѓе кои учествуваат во криминални активности кои бараат засолниште во двете држави, денеска потпишаа министрите за внатрешни работи на Македонија и Косово Оливер Спасовски и Фламур Сефај.

"Создадовме можности за правни рамки за регулирање на нашите заемни можности кои ќе овозможат подобра комуникација, како и справување со криминалот, корупцијата и прекуграничната трговија со луѓе и оружје", рече Спасовски.

Во однос на потерницата по двајцата обвинети во случајот „Монструм“, првиот човек на македонската полиција рече дека потпишувањето на овој договор се однесува на сите отворени барања кои ги има Македонија и Косово да не можат осомничените да бараат засолниште.

Спасовски рече дека МВР работи на обезбедување на шестте осомничени кои се бараат од судот за настаните од Собранието од 27 април оваа година.

XS
SM
MD
LG