Достапни линкови

Судот го прими известувањето за симнатиот имунитет на шестмината пратеници


Основен суд Скопје 1

Известувањето за симнувањето на имунитетот на шестмината пратеници од Собранието денеска пристигна во Основниот суд Скопје 1, информираат од судот, пренесува МИА.

Оттаму наведуваат дека известувањето е доставено до надлежните судии на претходна постапка, со што се создадени услови да се постапупа по предлогот на обвинителството.

„Судиите на претходна постапка кои постапуваат по предлогот ги известуваат странките во конкретната постапка кога ќе бидат повикани да се произнесат во однос на предлогот, а по донесено решение од страна на судиите јавноста ќе биде навремено известена“, информираат од Основниот суд Скопје 1.

XS
SM
MD
LG