Достапни линкови

МВР: Спречен шверц на марихуана преку Македонија


Фото МИА.

СВР Битола поднесе кривични пријави за двајца државјани на Албанија за транспорт на 38 килограми марихуана, 201 грам хашиш и 350 милилитри хашишова смола, соопшти МВР.

Оттаму информираат дека лицата, 45-годишниот (Р.А.) и 33-годишниот (Б.Г.) кои се во притвор , заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено ја набавиле марихуаната ја ставиле во патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија кон Грција, при што биле забележани и по дадена наредба се дале во бегство, а по кусе време биле фатени Р.А и Б.Г. Третото лице се упатило во непознат правец.

Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им одредил мерка притвор во траење до 30 дена.

XS
SM
MD
LG