Достапни линкови

Уапсени осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција


Архива - Новинарката и блогерка Дафне Каруана Галиција.

Полицијата во Малта денеска уапси осум осомничени за убиството на новинарката и блогерка Дафне Каруана Галиција, на два месеци по загинувањето откако експлодираше нејзиниот автомобил, соопшти премиерот Џозеф Мускат.

Осомничените се малтешки државјани и повеќето имаат криминално досие. Полицијата има рок од 48 часа за распит на осомничените.

53-годишната Каруана Галиција беше убиена на 16 октомври со бомба која беше поставена во нејзиниот автомобил. Таа водеше популарен блог каде објавуваше случаи за наводна корупција на високо ниво од страна на политичари од различни партии.

XS
SM
MD
LG