Достапни линкови

Во БиХ уапсени 13 осомничени за злосторства против човештвото


Архива - Припадници на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА).

Безбедносните сили на Босна и Херцеговина денеска уапсија 13 лица на подрачјето на Коњиц и Сараево поради злосторства против човештвото.

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) постапиле по наредба на Обвинителството на БиХ, а уапсените се осомничени дека кривичното дело го извршиле на подрачјето на општината Коњиц во 1992 година.

XS
SM
MD
LG