Достапни линкови

Коѕијас: Мора да се најде компромис за името


Средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас во Скопје на 31.08 2017 година

„Мора да се најде компромис за прашањето за името за да се отвори патот на Македонија кон ЕУ и другите организации во кои сака да се приклучи“, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во интервју за весникот „Етнос“. „Во случајот со ПЈРМ, нашите соседи веруваа дека можат да продолжат со приклучување кон овие организации без договор со нас, нешто што е невозможно, додека некои од нас, пак, веруваа дека инертноста во надворешната политика е наше оружје“, наведува Коѕијас, додавајќи дека Атина и Скопје сега сфатиле дека треба да работат врз основа на консензус и компромис. „На сите наши соговорници сега им е јасно дека мора да се најде чесен компромис за прашањето за името со нашиот северен сосед. Вистина е, исто така, дека некои од ЕУ во минатото создаваа илузии дека патот кон членство во Унијата и во други организации може да биде отворен без компромис, наведува Коѕијас, прашан дали е сега моментумот за решавање на спорот за името со Скопје. Разговорите за името меѓу Македонија и Грција со посредство на претставикот на ОН Метју Нимиц, ќе продолжат во Брисел на 11 и 12 декември.

XS
SM
MD
LG