Достапни линкови

Првичен биланс од поплавите во Албанија


Албанија, поплави, архивска снимка

Албанските власти соопштија дека во поплавите оштетени се илјадници куќи и многу училишта,мостови и патишта, а под вода се уште се десетина илјади хектари обработливо земјоделско земјиште и покрај намаленот интензитет на дождот и намалувањето на нивото на водата во реката. „Под вода се над 3.300 куќи, 56 училишта, 10.200 хектари обработливо земјоделско земјиште, како и 5.800 друга земјоделска површина а евакуирани се околу пет илјади лица. Многу патишта и 28 мостови низ целата земја се оштетени. Најголем штети предизвикани се во подрачјето на Фиер и Валона, соопшти Кризниот штаб. Во невремето потврдено е дека едно лице го загубило животот и тоа електричар од Фиер при отстранување дефект во трафостаница.

XS
SM
MD
LG