Достапни линкови

Најголема воздушна вежба на САД и Јужна Кореја


илустрација

САД и Јужна Кореја ја почнаа нивната досега најголема воена воздушна вежба во која учествуваат над 230 борбени авиони и 12 илјади војници. САД соопштија дека со вежбата ќе се покаже подготвеноста за зачувување на мирот и сигурноста на Корејскиот полуостров. Северна Кореја оцени дека станува збор за „голема провокација“ која може во секој момент да доведе до нуклеарна војна. Вежбата ќе трае до 8 декември.

XS
SM
MD
LG