Достапни линкови

Ердоган: изнесување капитал од Турција е предавство


Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги обвини деловните луѓе кои сакаат нивниот капитал да го префрлат од Турција во странство и додаде дека властите тоа нема да го дозволат. „Слушнав дека некои бизнисмени се обидуваат да го префрлат нивниот имот во странство. Ќе и кажам на владата никогаш да не го дозволи тоа, бидејќи таквите постапки се предавство“, изјави Ердоган пред членовите на неговата партија. Во меѓувреме, во Њујорк е во тек судење на еден од директорите на „Халкбанк“ Мехмет Хакан Атили, обвинет дека му помагал на Иран да ги заобиколи американските санкции.

XS
SM
MD
LG