Достапни линкови

Закажана меѓувладината седница на Македонија и Албанија


архивска фотографија, Средба на премиерот Зоран Заев со претседателот на Албанија Илир Мета во Скопје.

Претставниците на Владите на Македонија и Албанија на 15 декември во Подградец ќе одржат заедничка седница. Во соопштението од македонската влада е наведено дека во фокусот на оваа меѓувладина седница ќе бидат повеќе теми меѓу кои и унапредувањето на соработката на овие две земји во повеќе области.

Владата на премиерот Зоран Заев на 23 ноември во Струмица одржа заедничка седница со бугарската Влада.

XS
SM
MD
LG