Достапни линкови

Излеаната вода полека се повлекува


Водостојот на реките е во опаѓање, а водата на излеаните места веќе почнува да се повлекува. Од страна на единиците за локална самоуправа и јавните комунални претпријатија преземени се сите конкретни активности за нормализација на состојбата со излевањето на водотеците, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

И од УХРМ информираат дека според податоците од хидролошките станици низ државата се забележува намалување на водостојот на реките и дека се очекува во текот на денешниот ден врнежите да престанат и водостојот на реките низ земјава постепепено да почне да се намалува.

XS
SM
MD
LG