Достапни линкови

Грција постигна договор со кредиторите за следните реформи на Атина


Грција постигнала договор со претставници на кредиторите во рамки на третата ревизија на програмата за помош што ќе ги одреди следните рати од помошта.

„Постигнавме договор со претставници на институциите за сите прашања,“ изјави министерот за финансии Еуклид Цакалотос. Во теков на изминатава недела Цакалотос и министерот за економија Јоргос Статакис разговараа со претставници на ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

За да добие зелено светло за деблокада на кредитите Грција мора во декември да исполни 95 отсто од преземените обврски меѓу кои и реформа на јавните служби, социјална заштита, либерализација на пазарот за енергија и забрзување на приватизацијата. Конечниот заклучок од третата евалуација на грчката програма ќе биде претставен до еврогрупата на 22 јануари и би требало тоа да отвори пат за нова транша за државата под услов грчкиот парламент да усвои барани реформи.

XS
SM
MD
LG