Достапни линкови

Во бомбашки напад во Авганистан пет жртви


Архивска фотографија.

Најмалку пет луѓе загинале во експлозија на бомба прицврстена на моторцикал во Авганистан, соопштија тамошните власти. Според нив експлозијата се случила по провладин митинг на стадион. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Вчера во бомбашки напади беа убиени двајца членови на разузнавачки служби, меѓу кои и директорот на разузнавачката единица во Џалалабад.

XS
SM
MD
LG