Достапни линкови

Мемеди негира вмешаност во настаните на 27 април во Собранието


Насилства во Собранието на 27 парил.

Весел Мемеди, претседател на Национална демократска преродба, која е дел од новата власт, реагира на неодамнешните информации во некои медиуми дека полицијата извршила претрес во неговиот дом, при што му бил одземен мобилниот телефон поради сомнеж за негова вклученост во настаните од 27 април во Собранието. Мемеди преку соопштение до јавноста вели дека иако неговото име било спомнувано, како што вели без ниедно право, тој не е вклучен во ниедна противзаконска активност. Мемеди очекува од правните органи и јавно да се произнесат и да ја верифицираат неговата невиност. Тој ги повикува сите граѓани да не се плашат од правдата и правните органи, туку да соработуваат и да ги подржат до крај.

XS
SM
MD
LG