Достапни линкови

Променливо облачно време со повремен дожд


Надојденaта река Вардар во Скопје

Времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд особено на запад и тоа претпладне, а попладне врнежите ќе завршуваат. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температурасе движи од три до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Дневната температура ќе достигне до 12 степени.

Од понеделник ќе дува северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура. Поради разведрувањето од вторник утринските температури во најголем дел од земјата ќе бидат под нулата.

XS
SM
MD
LG