Достапни линкови

Ердоган - Американски судови не можат да и судат на Турција


Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Американските судови не можат да и судат Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, мислејќи на турскиот бизнисмен Реза Зараб, кој е обвинет дека ги избегнува санкциите на САД против Иран.

Турско-иранскиот трговец со злато, кој соработува со американските обвинители во судскиот процес, обвини неколкумина турски официјални претставници, вклучувајќи го и Ердоган и некои негови министри, дека учествувале во избегнување на санкциите.

Анкара ги смета ваквите тврдења како обид да се поткопа Турција и нејзината економија.

Во меѓувреме, турски обвинители побараа запленување на имотот на Зараб, кој е клучен сведок во американскиот судски процес против турски банкар, кој е обвинет за кршење на санкциите против Техеран.

XS
SM
MD
LG