Достапни линкови

ДУИ ја поздрави одлуката за случајот „Монструм“


Седиштето на ДУИ во Мала Речица

Демократската унија за интеграција денеска преку соопштение ја поздрави одлуката на Врховниот Суд за повторно судење на случајот Монструм и ослободување на обвинетите да се бранат со слобода.

„Уште од почетокот на истрагата, и потоа и на судењето на случајот, Демократската Унија за Интеграција инсистираше на целосно осветлувањето на вистината, транспарентно судење на случајот со истакнат меѓународен мониторинг и регионална соработка на институциите“, се истакнува во соопштението.

Нагласуваат дека се силно посветени за реформи во судството според препораките на ЕУ и за владеење на правото и законот и во сите други спорни случаи кои, како што наведуваат, предизвикуваат сомнежи.

XS
SM
MD
LG