Достапни линкови

Поплавите предизвикаа штети во Албанија


Архивска фотографија - Поплави во Албанија во 2015.

Поројните дождови предизвикаа поплави, лизгање на земјиште, а со тоа и блокирани патишта во Албанија. Повеќе од 100 семејства во пет села во близина на реката Вјоса, околу 120 километри југозападно од главниот град Тирана, беа евакуирани преку ноќ, соопшти Министерството за одбрана.

Во погодениот регион биле распоредени и околу 2.300 војници, заедно со шест екипи за итни случаи од соседно Косово.

Најмалку еден човек загина како последица на дождовите кои го зафатија регионот во последните три дена.

Властите соопштуваат дека вчера биле поплавени повеќе од 3000 домаќинста и околу 3000 хектари земјоделско земјиште. А денеска повеќе од 45 илјади жители останале без електрична енергија.

XS
SM
MD
LG