Достапни линкови

Напади врз безбедносни сили во Авганистан


Авганистан - полициски сили во Џалалабад.

Најмалку двајца припадници на безбедносните сили во Авганистан се убиени во источниот дел на земјата. Целта на нападот била приватна телевизиска станица во Џалалабад. Напаѓачите првин истрелале ракета кон телевизијата, а штом пристигнале припадници на безбедносните сили имало експлозија, а по неа уште една.

Припадник на група позрзана со Исламската државна група ја презеде одговорноста за нападот.

Во друг инцидент, во Кабул, при експлозија на бомба на регрутен пункт на авганистанската војска, повредени се најмалку три лица. За овој напад никој не ја презеде одговорноста.

XS
SM
MD
LG