Достапни линкови

Директорот на МНТ најави санкции за откажување на „Ничија земја“


Театарската претстава „Ничија земја“

Ќе има санкции против актерите кои што ја откажаа вчерашната претстава „Ничија земја“, затоа што театарот постои за публиката, а вчера вративме полна сала, изјави директорот на Македонскиот народен театар Драган Спасов Дац.

Тој вели дека е во ред е да се солидаризираш со некој актер, но, како што вели, може да излезат надвор и да направат нешто, а не да вратат 600 луѓе публика.

Актерската екипа на театарската претстава „Ничија земја“ ја откажа вчерашната претстава во знак на солидарност со нивниот колега Владо Јовановски, кому Кривичниот суд вчера попладне му одреди 30-дневен притвор за настаните во Собранието од 27 април.

XS
SM
MD
LG