Достапни линкови

САД престануваат да ги вооружуваат сириските Курди


Aмериканскиот министер за одбрана Џејмс Матис

Американската програма за вооружување на сириските Курди привршува, а неа ќе ја замени програма за помош на локалната полиција и на безбедносните сили, што значи промена на ставот на САД во таа земја, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.

Тој вчера рече дека Пентагон го менува „составот“ на силите во Сирија за да го покаже поразот на Исламската држава и да стави акцент на наоѓање дипломатско решение за мир.

На почетокот на петдневната посета на Блискиот Исток, Матис на новинарите во авионот им рече дека американските потези се во поддршка на дипломатскиот процес.

САД минатата недела најавија дека ќе престанат активно да ги вооружуваат курдските сили во Сирија, како и дека Вашингтон ќе почне да го одзема тешкото вооружување и возилата од Курдите, откако завршија големите борбени операции против Исламската држава во нејзиното седиште Рака.

XS
SM
MD
LG