Достапни линкови

Експертски консултации меѓу Москва и Брисел за Балканот


Знамињата на ЕУ и на Русија

Русија и ЕУ вчера во Брисел одржаа нов круг експертски консултации за Балканот и проширувањето на ЕУ, соопшти постојаното руско претставништво во ЕУ.

Постојаното руско претставништво наведува дека на конструктивен начин биле разгледани многу актуелни теми, поврзани со ситуацијата на Западниот Балкан, како и за односите на Русија со земјите од регионот. Исто така, било разговарано и за преговарачкиот процес по нивно присоединување кон ЕУ.

Постигнат е договор и за следниот круг консултации во втората половина на 2018 година.

XS
SM
MD
LG