Достапни линкови

Уште двајца осомничени за насилствата во Собранието од куќен во 30 дневен притвор


Поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Собранието на 27 април.

Кривичниот суд во Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и им одреди мерка притвор од 30 дена на уште две лица кои се осомничени за учество во насилството во Собранието на 27 април. Притвор им е одреден на осомничените Б.Д и В.Ј, се наведува во соопштението.

За останатите осомничени, според соопштението, опфатени со истиот предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција за кој судија на претходна постапка им определи мерка притвор, Кривичниот совет ги потврди решенијата.

XS
SM
MD
LG