Достапни линкови

ОН бараат милијарди долари за помош на жртвите од конфликт


Директорот за хуманитарна помош на ОН, Марк Лоукок

Директорот за хуманитарна помош на ОН, Марк Лоукок изјави дека конфликтот, особено долготрајната криза ќе продолжи да биде предизвик и во наредната година. Според ОН, околу 136 милиони луѓе во 26 земји имаат потреба од итна помош. Организацијата бара 7,6 милијарди долари со цел да им помогне на раселените од војната во Сирија. Во нив е вклучен и износот од 2,5 милијарди долари за помош на најранливата група на луѓе во Јемен.

Други земји за кои ОН изразува загриженост се Јужен Судан, Конго, Сомалија, Судан и Нигерија. Во минатата година ОН побараа 22,2 милијарди долари помош, а беа собрани само 13 милијарди.

XS
SM
MD
LG