Достапни линкови

Поранешен советник на Трамп намерно го лажел ФБИ


Мајкл Флин

Во документ поднесен до американскиот сојузен суд во Вашингтон е наведено дека поранешниот советник за национална безбедност на Белата куќа, Мајкл Флин намерно и свесно лажел кога на ФБИ му кажал дека тој не разговарал за санкциите против Русија со Сергеј Кисљак, тогашниот руски амбасадор во САД. Според документот, разговорот се случил за време на транзициониот период од ноември до јануари меѓу претседателските избори и инаугурацијата на Доналд Трамп. Флин не одговори на прашањата на новинарите додека пристигнуваше во судот.

Неговите адвокати соопштија изјава од Флин во која се вели дека сфаќа оти дејствата кои ги направил се погрешни и преку неговата верба во бог работи на нивно исправање. Мојата вина и заложба да соработувам се производ на одлуката која ја донесов која е во интерес на моето семејство и земја, наведува тој.

Според неговите адвокати, тоа што Флин се изјаснил за виновен не имплицира дека некој друг освен него. Флин кој е централна личност во специјалната истражна постапка за руското мешање во претседателските избори, само 24 дена му беше советник на Трамп откако тој влезе во Белата куќа на 20 јануари годинава. Тој беше отпуштен откако било откриено дека за неговите контакти со Кисљак погрешно го информирал потпретседателот Мајк Пенс.

XS
SM
MD
LG