Достапни линкови

Познати групите за Светското фудбалско првенство во Русија


Трофејот за Светското првенство во Русија изложен на ждрепката во Москва.

Во Москва денеска беше извршена ждрепката за групите од Светското фудбалско првенство кое наредната година од 14 јуни до 15 јули ќе се одржи во Русија. Домаќинот се наоѓа во групата А заедно со Саудиска Арабија, Египет и Уругвај. Европскиот шампион Португалија се падна во групата Б заедно со Шпанија, Мароко и Иран.

Франција е во групата Ц во која се наоѓаат и Австралија, Перу и Данска. Во групата Д се паднаа репрезентациите на Аргентина, Хрватска, Исланд и Нигерија. Германија е во наредната група Ф со Мексико, Шведска и Кореја.

Србија во групата Е силите ќе ги одмери со Бразил, Коста Рика и Швајцарија. Англија и Белгија ќе се натпреваруваат со репрезентациите на Панама и Тунис во групата Г. Во последната група, Х се Полска, Сенегал, Колумбија и Јапонија.

XS
SM
MD
LG