Достапни линкови

УХМР - Вардар се излеа поради градежните работи во коритото во Скопје


Застојот на протокот на вода во центарот на Скопје е вештачки и се должи на градежните активности во минор коритото, поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите, велат од УХМР, Сектор за хидрологија.

Дождот што од вчера интензивно врне предизвика излевање на Вардар на неколку места во центарот на Скопје, а излевања има и на други места.

Градските власти во Скопје рекоа дека се подготвуваат околу 10.000 вреќи песок, што ќе се постават на критичните точки, бидејќи се очекуваат уште поинтензивни врнежи.

УХМР предупреди дека покрај на Вардар, можно е излевање и на Треска, Радика, Сатеска, Кичевска, горниот тек на Вардар и нивните притоки.

XS
SM
MD
LG