Достапни линкови

Руската Дума ќе им забрани пристап на сите американски медиуми


Руската државна Дума

Руската државна Дума размислува за забрана на сите американски медиуми во Русија. Долниот дом на парламентот ќе расправа за предлогот следната недела, изјави денеска претседателката на собраниската законодавна комисија Олга Савастјанова.

„Нашата комисија планира да одржи вонредна седница на која ќе се разгледува нацрт-резолуција“, со која ќе им се забрани „на новинарите кои ги претставуваат сите американски медиуми“ да влегуваат во Думата, рече таа.

До ова доаѓа откако американскиот Конгрес ѝ ги укина акредитациите на руската државна телевизија РТ.

Заканата за забрана за американските новинари да известуваат од Думата е одговор, како што велат, на американскиот притисок врз руските државни медиуми. Тензиите меѓу САД и Русија се високи поради руската агресија во Украина, но и поради наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016.

XS
SM
MD
LG