Достапни линкови

Стејт департмент: Тилерсон си ја сака работата


Директорот на ЦИА Мајк Помпео и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја сака својата работа и има намера да остане на чело на Стејт департментот. Ова го изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт по наводите дека претседателот Доналд Трамп сакал да го смени Тилерсон. Таа додаде дека шефот на персоналот на Белата куќа Џон Кели телефонски разговарал со претставници на Стејт департментот за да ги увери дека станува збор за погрешни наводи. Нојерт изјави дека Тилерсон во текот на идната недела ќе има повеќе состаноци во Брисел, Стокхолм, Виена и Париз. Претходно и Белата куќа соопшти дека Тилерсон остануба на чело на Стејт департментот. Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека Белата куќа работи на реконструкција на администрацијата и оти сегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео би можело да го преземе местото на Рекс Тилерсон.

XS
SM
MD
LG