Достапни линкови

Собраниска седница за имунитетот на осомничените пратеници


Седница на Собранието на Република Македонија

Собранието на Македонија денеска ќе расправа за барањето на Основен суд Скопје 1 за одобрување притвор на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Жаклина Пешевска, и за пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичката партија. Пленарната седница на која ќе се расправа за барањето на Одделението за организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1, поднесено на 28 ноември, ќе почне во 12 часот. Единствени точки на дневниот ред на оваа собраниска седница се барањата за притвор на шесте пратеници. Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања вчера со пет гласа „за“ го прифати барањето за одобрување притвор на овие пратеници, кои се осомничени за кривичното дело за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со организираниот напад во Собранието на 27 април.

XS
SM
MD
LG