Достапни линкови

Анкара: Меркел вети дека ќе влијае за забрзување на помошта на ЕУ за Турција


Германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе работи на забрзување на трансферот на финансиска помош, која ЕУ и ја вети на Турција во рамките на договорот за мигрантите, соопшти Кабинетот на шефот на турската држава. Ердоган и Меркел исто така се договориле и да се забрза подобрувањето на билатерланите односи откако ќе биде формирана нова германска Влада. Како што јави МИА, Европскиот совет денеска реши да ги намали средствата од претпристапните фондови за Турција за 105 милиони евра.

XS
SM
MD
LG