Достапни линкови

Обама работи на подобрување на американско-кинеските односи


Поранешниот американски претседател Барак Обама се сретна со кинескиот претседател Си Џин Пинг во Пекинг, пришто изрази надеж дека односите меѓу овие две земји ќе се подобрат, јави денеска кинеската телевизија. Обама кој пред два дена пристигна во Кина во рамки на својата турнеја се сретнал со кинескиот претседател во неговата резиденција во Пекинг, која честопати се користи за прием на странски официјални лица кои престојуваат во главниот град на Кина. Обама му порачал на кинескиот претседател дека сака да продолжи да игра позитивна улога во јакнењето на взаемното разбирање и односи во соработката меѓу САД и Кина, наведе кинеската државна телевизија. Обама изјавил дека е во корист на двете земји да развиваат конструктивни односи.

XS
SM
MD
LG