Достапни линкови

Можни промени во американската администрација


"Асошиетед прес", "Ројтерс", "Венити феар" и други медиуми известуваат за можното заминување на државниот секретар Рекс Тилерсон од Стејт департментот, повикувајќи се на неименувани високи функционери. Весникот "Тајмс" пишува дека според планот, сенаторот Том Камп (Републиканец), клучен сојузник на Трамп, веројатно ќе го замени Помпео на чело на ЦИА.

Весникот објави дека се уште не е јасно дали Трамп дал свое конечно одобрување за промените, што би значел голем пресврт за врвот на американската администрација.

Американските медиуми објавија дека претседателот на САД загубил доверба во Тилерсон, поранешен главен извршен директор на енергетскиот гигант „Ексон Мобил,“ кој е инаку без претходно дипломатско искуство. Претседателот и државниот секретар честопати се контрадикторни во јавните изјави во врска со големите меѓународни прашања. Тилерсон, исто така, беше критикуван од страна на демократите и некои републиканци за ослабување на американската дипломатија поради непополнувањето на високи позиции во Стејт департментот. Помпео пак, е поранешен тримесечен републикански конгресмен од Канзас, кој е силен поддржувач на Трамп.

XS
SM
MD
LG