Достапни линкови

Бугарите и Романците ќе патуваат без визи за Канада


Европската комисија денеска го поздрави укинувањето на визи за Канада за државјаните на Бугарија и Романија. Според комисијата ова достигнување се должи на големите дипломатски напори и на ангажманите, направени на политичко и техничко ниво од страна на ЕУ, Канада, Бугарија и Романија, посочува Комисијата.

Еврокомесарот за миграции и внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, рече дека утре за Бугарите и Романците ќе биде „голем ден".Според него, укинувањето на визите покажува дека дипломатските напори и трпеливата работа вродија со плод. Аврамопулос додаде дека постигнувањето целосен визен реципроцитет за сите граѓани на ЕУ е водечка задача.

За да се постигне т.н. визен реципроцитет, неопходно е сите земји чии граѓани патуваат во ЕУ без виза да не бараат визи за Европејците кои ги посетуваат. Засега, Соединетите Држави бараат визи за граѓаните на Бугарија, Хрватска, Кипар, Полска и Романија.

XS
SM
MD
LG