Достапни линкови

Кремљ: Непријателски чекор кон РТ


Одлуката на Вашингтон, поради статусот „странски аген“ да ги повлече акредитациите на новинарите на „Раша Тудеј“ за пристап до конгресот на САД, е непријателски чекор, соопштија од Кремљ. Портпаролот Дмитри Песков дека во Москва се длабоко разочарани за ваквиот потег, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека рускиот парламент би можел емотивно да одговори на новите рестрикции од Вашингтон кон руската медиумска куќа. „Раша тудеј“ објави писмо од Извршната комисија на радиски и телевизиски дописници од Конгресот, во кое се наведува дека акредитацииите на новинарите на нивниот медиум се повлечени поради прогласување на телевизијата за „странски агент“.

Овој одговор, од Вашингтон го објаснуваат како резултат на обидите на Русија да се меша во претседателските избори на САД минатата година, но и како одговор на неодамна донесениот закон во Москва со кој американските и други странски медиуми официјално се прогласуваат за „странски агент“.

XS
SM
MD
LG