Достапни линкови

Бејли - Виновниците да одговараат, но да се почитува и презумпцијата на невиност


Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли

Виновниците за насилствата во македонското Собрание на 27 април треба да одговараат, но мора да се почитува и презумпцијата на невиност, порача денеска американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли.

Во изјава дадена пред законодавниот дом, Бејли рече дека Амбасадата на САД заедно со претставниците на ЕУ во Македонија го следат развојот на настаните по приведувањата поврзани со насилствата во Собранието.

Американскиот амбасадор денеска ја придружуваше Лаура Купер, вршител на должност заменик-помошник секретар за одбрана на САД на средбата со претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој појасни дека Купер во Македонија е дојдена да се сретне со регионалните колеги во врска со конференцијата на Јадранската група и да продолжат разговорите за овој важен форум.

XS
SM
MD
LG