Достапни линкови

Грчката влада почна да транспортира мигранти од Лезбос до Атина


Мигранти од Лезбос пристигнуваат во Пиреа

Грчките власти почнаа да транспортираат мигранти од кампот Мориа на островот Лезбос до атинското пристаниште Пиреа. Првично, биле пренесени околу 260 мигранти и бегалци од разни националности. Министерот задолжен за мигранти Јанис Музалас за грчката агенција АНА-МПА изјави дека овие активности ќе се интензивираат за да се растеретат преполните грчки острови и мигрантите да се сместат во кампови низ Грција.

Планот предвидува околу 3.000 мигранти од Лезбос да бидат префрлени во Пиреа и оттаму во повеќе кампови. На островот има околу 8.000 мигранти, сместени во камп првично предвиден за 1.500 луѓе. На другите грчки острови во близина на Турција има уште околу 7.000 мигранти. Поради пренатрупаноста на кампот, локалните власти и жители на Лезбос неодамна почнаа штрајк.

Во екот на мигрантската криза во 2015 и 2016 година, Грција забрзано ги пренесуваше пристигнатите бегалци и мигранти од островите до Пиреа, но по затворањето на македонско-грчката граница, оваа пракса се напушти.

XS
SM
MD
LG