Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе блокира крстосници во Скопје


Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда во Скопје

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска од 15 до 17 часот повторно ќе блокира крстосници во Скопје. Ќе бидат блокирани крстосницата кај Мавровка, крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Влае и кај „Рампа“ во Кисела Вода. Во 18 часот партијата ќе организира протест и пред Основниот суд Скопје 1, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Тие протестираат против апсењето нивни пратеници и притворањето нивни партиски активисти и поддржувачи за насилствата во Собранието на 27 април. Сметаат дека тоа е „класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок“.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да протестира и да ги блокира крстосниците низ град Скопје сè додека трае овој атак врз Македонија“, се наведува во партиското соопштение.

XS
SM
MD
LG