Достапни линкови

Средба Тилерсон Димитров во Вашингтон


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров вчера во Вашингтон имаа средба на која било порачано дека САД ќе продолжат да имаат позитивна улога за стабилноста и напредокот на регионот и да бараат начини да помогнат. Последната средба на шеф на македонска дипломатија со американски државен секретар се одржа во 2008 година, кога тогашниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски се сретна со поранешната американската државна секретарка Кондолиза Рајс. Димитров даде осврт на актуелните политички состојби во Македонија и во регионот, а исто така го запозна Тилерсон и со актуелностите во процесот на надминување на разликите околу името со Грција.

XS
SM
MD
LG