Достапни линкови

На Борисов му бил забранет прелет преку Иран


Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов

Иран забрани прелет преку неговата територија на авионот на бугарската влада со кој премиерот Бојко Борисов патувал за Саудиска Арабија. Како што пренесува бугарската државна новинска агенција БТА авионот морал да се врати во Турција, па преку Ирак да стигне во Ријад. Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на новинарите во Ријад им рекла дека иако ја имале потребната дипломатска дозвола за лет над Иран, иранските власти побарале авионот да го напушти нивниот воздушен простор. Борисов е прв премиер на Бугарија кој престојува во посета на Саудиска Арабија во последниве 20 години.

XS
SM
MD
LG