Достапни линкови

Руската Телевизија РТ ја изгуби акредитацијата за Конгресот на САД


лого на руската телевизија РТ

Руската телевизија РТ која е под контрола на Кремљ, а во САД е регистрирана како „странски агент“, ја изгуби акредитацијата за известување од американскиот Конгрес. Одборот на новинари кој решава за доделување акредитации соопшти дека одлуката била донесена едногласно. Американското министерство за правда побара во сепетмври годинава РТ да се регистрира како „странски агент“, бидејќи американските разузнавачки служби процениле дека оваа телевизија е „главен меѓународен пропаганден медиум на Кремљ“ и оти била вклучена во кампањата за дезинформирање што ја организирала Москва во корист на Доналд Трамп во текот на претседателските избори лани. Претседателот на Русија Владимир Путин во минатата недела го потпиша законот со кој и во Русија се води класификација на медиуми како „странски агенти“, а чија цел се „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“.

XS
SM
MD
LG