Достапни линкови

Балканот поблиску до ЕУ, најавува Бугарија како иден претседавач на Унијата


Бугарија соопшти дека ќе инсистира на повеќе инфраструктурни и енергетски проекти со цел земјите од Западен Балкан да бидат поблиску до Европската унија. „Тоа всушност ќе биде еден од приоритетите на бугарското претседавање со ЕУ во првата половина од идната година“, изјави министерката задолжена за бугарското претседавање Лилјана Павлова. Таа оцени дека поблиската соработка со земјите од Западен Балкан е клучно за мирот и стабилноста на Европската унија. „Нивната интеграција е природен процес кој треба да продолжи и сега е моментот кој не сакаме да го пропуштиме“, рече Павлова.

XS
SM
MD
LG