Достапни линкови

Ново каење за Шамарите, ВМРО-ДПМНЕ блокираше низ Скопје, Хојт Ји доаѓа како нов амбасадор, Трамп гневен на Пјонгјанг...

Настаните на денот низ фотографии - 29 ноември 2017
Покажи повеќе

МАКЕДОНИЈА - Пред министерството за правда продолжија протестите на подржувачите на ВМРО ДПМНЕ против одлуката на кривичниот суд за притворање на осомничените за насилствата во Собранието на 27 април годинава. По наредба на Обвинителството беа уапсени 36 лица кои се осомничени за терористичко насилство врз уставот и безбедноста. Дел од нив се пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и водачи на протестите За заедничка Македонија. По нивното апсење, а особено по одредувањето притвор за нив опозициската ВМРО-ДПМНЕ почна со организирање протести, за како што велат, против политичката тортура врз патриотите.
1

МАКЕДОНИЈА - Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, доаѓа на судење за предметот Насилство во Центар. На последното продолжение на судењето за т.н. Шамари во Центар, вина за стореното призна уште еден од 14 обвинети. Петообвинетиот Јордан Ристевски, непосредно пред судијката да го одложи денешното рочиште и судењето да го презакаже за 7 декември, излезе со признание дека се чувствува виновен и се покаја за делото.
2

САД - Шефот на македонската дипломатија и Брајан Хојт Ји, американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, по нивната средба во САД. Според Ал Џезира Балканс, Ји од наредната година ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија. Испраќањето на Хојт Ји во Македонија се оценува како потврда на зголемениот ангажман на Вашингтон на Балканот.
3

ЈУЖНА КОРЕЈА - Жители на јужнокорејскиот главен град Сеул гледаат вести за реакцијата на САД по севернокорејското лансирање на најнова балистичка ракета. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека дополнителни големи санкции ќе бидат наметнати врз Северна Кореја откако Пјонгјанг објави дека тестирал интерконтинентален балистички проектил. Разговаравме со претседателот на Кина Кси Џинпинг во врска со провокативните дејства на Северна Кореја. Ќе бидат наметнати дополнителни големи санкции врз Северна Кореја, напиша Трамп на Твитер.
4

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG