Достапни линкови

Хаг ја потврди смртта на Праљак по очигледното труење


Во судницата на Хашкиот трибунал еден од обвинетите испил отров

Судот на Обединетите нации во Хаг потврди дека почина обвинетиот за воени злосторства на босанските Хрвати Слободан Праљак, кој за време на денешното рочиште пред Хашкиот трибуна, по потврдувањето на 20-годишната затворска казна, испи шишенце со течност, за која беше кажано дека е отров

Портпаролот на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), Ненад Голчевски, за новинарите изјави дека 72-годишниот Слободан Праљак почина во блиската болница, и покрај напорите да биде спасен .

Немаше непосредни информации за природата на течноста што тој ја испи .

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно изрази сочувство до семејството на Прљак, на прес-конференција на која изрази жалење за пресудата на Трибуналот.

Хашкиот трибунал денеска правосилно ги потврди долгогодишните затворски казни за претставници на босанските Хрвати, предводени од Јадранко Прлиќ, за воени злосторства врз муслиманите во Босна и Херцеговина во 1993 и 1994 година.

Жалбениот совет на трибуналот ја потврди првостепената пресуда дека Хрватска била вмешана во војната во БиХ и дека првиот претседател на независна Хрватска, Фрањо Туѓман бил дел од здружениот злосторнички потфат заедно со челниците на „Херцег-Босна

XS
SM
MD
LG