Достапни линкови

Трамп се залага за "големи" санкции против Северна Кореја


Претседателот на САД, Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека "дополнителни големи санкции" ќе бидат наметнати врз Северна Кореја откако Пјонгјанг објави дека тестирал интерконтинентален балистички проектил. "Разговаравме со претседателот на Кина Кси Џинпинг во врска со провокативните дејства на Северна Кореја. Денеска ќе бидат наметнати дополнителни големи санкции врз Северна Кореја, напиша денеска Трам на Твитер. Белата куќа објави дека за време на телефонскиот разговор Трамп јасно ја ставил до знаење "определбата на САД да се бранат себеси и сојузниците". Трамп, исто така, "ја нагласил потребата Кина да ги искористи сите расположливи сретства за да ја убеди Северна Кореја да ги прекине своите провокации и да се врати на патот на денуклеаризацијата". Според кинеската официјална новинска агенција Ксинхуа, претседателот Кси му рекол на својот колега од САД дека одржувањето на мирот во Североисточна Азија и денуклеаизацијата на Корејскиот полуостров се целта на Пекинг. Кина е главниот сојузник на Пјонгјанг и трговскиот партнер. Северна Кореја тврди дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета што може да ја нападне американската копнена страна. Лансирањето на 28-ми ноември, предизвика меѓународна осуда. Советот за безбедност на ОН треба да свика итна седница за да разговара околу ова прашање подоцна во текот на денот.

XS
SM
MD
LG