Достапни линкови

Шилегов избран за претседател на ЗЕЛС


Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска е избран за претседател на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), а за негови заменици се избрани градоначалниците на Чаир Висар Ганиу и на Кавадарци и Митко Јанчев во негово отсуство. На денешната конститутивна седница на Генералното собрание беа избрани и сите тела на ЗЕЛС. На седницата не присуствуваа градоначалниците од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија претходно соопшти дека „поради недемократско однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС“.

XS
SM
MD
LG