Достапни линкови

Стево Пендаровски нов национален координатор за НАТО


Стево Пендаровски

Стево Пендаровски е именуван за национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, информира денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски. Одлуката е донесена на вчерашната владина седница.

Пандаровски ќе ја преземе функцијата откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник. До тогаш останува пратеник.

Во периодот од 2005 до 2006 година, национален координатор за НАТО беше дипломатката Шпреса Јусуфи, а од 2006 до 2009 година на таа функција беше сегашниот министер за надворешни работи, Никола Димитров. Функцијата остана испразнета и беше во мирување по неуспехот на Македонија да добие покана за членство на самитот на НАТО во Букурешт во 2008.

XS
SM
MD
LG