Достапни линкови

Турските власти издадоа налог за апсење на 360 лица во Истанбул


Архивска фотографија: Апсење на осомничени поддржувачи на Фетула Ѓулен во Турција

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на вкупно 360 луѓе, меѓу кои 343 војници, во рамки на истрагата против Фетулистичката терористичка организација (ФЕТО), објавија турските медиуми.

Операцијата е спроведена рано изутринава од полицијата во Истанбул, која врши претрес на различни места во метрополата.

Досега се уапсени десетици осомничени.

Според турските власти, групата ФЕТО на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во САД, е одговорна за обидот за преврат на 15 јули минатата година.

XS
SM
MD
LG